Вухан денес е најбезбедниот град во Кина, па дури и во целиот свет – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 1:54 PM

Вухан денес е најбезбедниот град во Кина, па дури и во целиот свет

Пред точно една година, Кина објави за првиот смртен случај во Вухан, од тогаш новиот корона вирус. Една година подоцна, ковид 19 однесе 1,9 милиони животи ширум светот.

Во Вухан, кој има 11 милиони жители, каде што избувна првата позната инфекција, вирусот беше спречен.

Во понеделник наутро, годишнината во Вухан поминува незабележано. Луѓето можат слободно да одат на работа, додека парковите и шеталиштата се полни со луѓе.

Во извештајот од 11 јануари 2020 година, Кина ја потврди својата прва смрт од непознатио вирус на 61-годишник, кој бил редовен клиент на сега неславниот отворен пазар во Вухан.

Малку се знае за првата жртва, вклучувајќи го и нејзиното име, додека пазарот остана затворен.

Две недели по потврдата на првиот смртен случај, Вухан и околната провинција беа ставени под блокада, јавниот сообраќај беше запрен, а училиштата беа затворени.

Според непроменетите официјални податоци, 4.634 лица починале од коронавирус во Кина.

Денес, Вухан е најбезбедниот град во Кина, па дури и во целиот свет

Градот сега се опорави и е горд на своето заживување. „Вухан сега е најбезбедниот град во Кина, дури и во целиот свет“, изјави жител на Киеонг Лианшенг. Луѓето патуваат за да стасаат на нивната работа позиција, други одат покрај брегот на реката – остар контраст со земјите кои сè уште се под строги блокади и ограничувања.

“Свеста на жителите на Вухан за спречување и сузбивање на епидемијата е многу голема. Дури и мојот двегодишен внук носи маска кога излегува”, рече Ксионг.

Преземено од: https://www.b92.net/