Двете лица кои беа осомничени за тешка кражба на банкомат во Гостивар добија мерка притвор од судија на претходна постапка од триесет денови во Основен суд Гостивар. Од СВР Тетово потврдија дека Н.Р (47) и А.Б.(36) од Арачиново се спроведени се во КПУ Затвор Скопје-Скопје.
По нешто повеќе од еден месец истражни дејства ОВР Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкарски банкомат, поставен во маркет во Гостивар. Вчера до ОЈО Гостивар беше поднесена кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против М.К. (24) од Република Албанија.
Н.Р и А.Б. беа лишени се од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело. Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари.
(З.Г.М.)