Жителите од Општините Маврово Ростуште, Дебар како и Центар Жупа добија струја, откако синоќа останаа во мрак поради дефекти на далеководите. Нормализиран е и патниот правец Маврово – Дебар каде вчера имаше паднати дрвја поради поројните дождови.
АД МЕПСО околу 4 часот утринава го остраниле дефектот. Струјата етапно се вклучува во општиние. Останаа уште три села во Општина Маврово Ростуште да добијат струја
Нормализиран е сообраќајот на патот Маврово – Дебар кој вчера периодично беше во застој поради одрони, но и паднати дрвја
Дебарско – мавровскиот крај речиси секоја година има прекини во снабдувањето со струја, но и застој во сообраќакот поради свлечишта на земја и одрони кои завршуваат ма патниот правец Маврово – Дебар.
(З.Д.)