Словенечката полиција утрово во 7 часот го почна таканаречениот „бел штрајк“, што може да влијае врз сообраќајот на граничните премини, соопшти Полицискиот синдикат на Словенија.
Синдикалците се незадоволни затоа што не бил реализиран договорот со поранешната влада, според кој на некои категории полицајци требало да им се зголемат платите. Словенечките медиуми јавуваат дека се очекува во штрајкот учество да земат околу 5.000 полициски службеници.


