Облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи, e прогнозата на УХМР за денеска. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец. Максималната температура до 14 степени.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, од вторник се очекува ново заладување со локални врнежи од дожд и снег, кои поради натамошно опаѓање на температурите, в среда и в петок ќе бидат претежно од снег.