Попова Шапка само со домашните туристи доживеа колапс – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 9:18 PM

Попова Шапка само со домашните туристи доживеа колапс

Попова Шапка само со домашните туристи доживеа колапс. Изминативе две недели особено за новогодишните и божиќните празници на центарот можеше да се забележат огромни колони на возила, недостиг на паркинг простор и големи редици од скијачи пред ски лифтовите.

Попова Шапка и покрај големиот број недостатоци за време на новогодишните и божиќните празници ја посетија илјадници туристи. Но скијачкиот центар немаше капацитет да функционира нормално. Гужви пред ски лифтови, паркирани возила на патот кон Попова Шапка. Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, велат дека и централната и локалната власт треба да преземат ургентни мерки за растеретување на гужвите за да се спаси сезоната.

Тој смета дека само ад хок решенија нема да ја спасат Попова Шапка  од гужвите на долгорочен план. Потребни се инвестиции за да се изгради жичницата Тетово – Попова Шапка.

Инаку премиерот Зоран Заев, при последната посета на Општина Тетово истакна дека владата разговара со потенцијални инвеститори од Катар и неколку европски земји се со цел нејзин брз развој.

З.Димовски