Поплави околу езерото Скадар: До куќите може да се стигне само со чамец – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 9:14 PM

Поплави околу езерото Скадар: До куќите може да се стигне само со чамец

Поради обилните дождови беа поплавени многу имоти околу езерото Скадар, како и главниот пат на тоа место, додека до некои куќи може да се стигне само со чамец. Локалните жители ја спасуваат стоката и автомобилите и ги чуваат  куќите да не влезе вода во нив.

Тие се плашат од можно понатамошно покачување на водостојот на езерото, но се очекува утре дождот да престане.

нова.рс