Американка прифати предизвик-Носеше ист фустан 100 дена – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 7:43 PM

Американка прифати предизвик-Носеше ист фустан 100 дена

52-годишната Сара Робинс-Кол целосно го искористи својот црн фустан. Го носеше на работа, додека шеташе, одмараше, па дури и на Божиќ.

Таа всушност го носеше фустанот 100 дена по ред. Сара, која живее во Бостон, САД, се приклучи на 100-дневниот предизвик да носи еден фустан, на 16 септември 2020 година во обид да живее без да купи облека и да помогне во спасувањето на планетата.

Таа уживаше толку многу што си постави нов предизвик за 2021 година.

„ На мое изненадување, носењето ист фустан 100 дена по ред не ми одзеде ништо од животот. Наместо тоа, тоа ме инспирираше да одам чекор подалеку и да не купувам нова облека или додатоци помеѓу 1 јануари 2021 година и 1 јануари 2022 година. Сфатив дека на моја возраст имам облека за секоја пригода, а ако ми треба нешто посебно, имам облека од 1992 година – рекла Сара.

Таа беше меѓу 250 жени кои го прифатија 100-дневниот предизвик. Предизвикот беше креиран да им покаже на учесниците како носењето само една облека на дневна основа ги менува навиките на трошење, го намалува  перењето на алиштата и помага да се спаси нашата планета.

На учесниците им беше дозволено да го перат и сушат фустанот преку ноќ, но доколку биле будни, морале да го носат. Секој што го завршил предизвикот, добивал ваучер од 100 долари со кој би можеле да си набават нов фустан.

Своите комбинации на облека Сара морала да ги објавува на Инстаграм секој ден.Тоа и била  нејзината најтешка задача и тука добивала  позитивни и негативни коментари.

24sata.hr