МВР потврди дека го идентификувале и вториот насилник од автобусот на ЈСП, што предизвикаа реакции во јавноста по споделено видео на социјалните мрежи.
Полицијата уште истражува дали покрај вербалните закани и навреди во инцидентот имало и физички напад. Едниот од двајцата насилници беше приведен пред два дена. Тој и порано правел инциденти во ЈСП со напад врз службено лице кое му барало да покаже билет.
На видеото се гледа како две лица со вербални напади со сериозен заканувачки тон се обраќаат кон друг патник во автобусот само затоа што им рекол да стават маски на лицата.