Штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов доби син, Ѓорѓиа – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 4:39 PM

Штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов доби син, Ѓорѓиа

Денеска е преубав ден за мене, мојата сопруга и за мојата фамилија.

Денес добив син!!!

Напиша новиот штиски градоначалник д-р Сашко Николов на својот Фејзбук профил.

Неговата сопруга Катерина Барзова Николова, со која е во брак од 2016 година, се породила денес пред 12 часот. Бебето е тешко 3220 грама, долго 50 сантиметри. Породувањето поминало нормално и мајката и бебето се чувствувале добро, ни изјави Николов.

Пресреќна е и сестричката  3,5 годишната Анастасиа која што со нетрпение сака да го види бебето од „мешето на мама“, ни изјави Николов.

,,По сите напорни активност, набиените агенди пресреќен сум што во Новата 2021 година добив син“, вели штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов.

Бебето ќе го носи името на неговиот дедо, Ѓорѓиа.

Николов има уште еден син од неговиот прв брак.

фото-фб