Паднато дрво го парализира сообраќајот кај Маврово – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 4:26 PM

Паднато дрво го парализира сообраќајот кај Маврово

Близу еден час чека колона од возила што се создаде од двете страни на патот Маврово – Дебар, откако падна дрво и се испречи на коловозот. Екипа на Македонија Пат со моторна пила остранува дел по дел од паднатото дрво, додека неколку автобуси и повисоки возила во колона чекаат да поминат. Пред да почне отсранувањето на дрвото, пониските возила успееја да поминат, но повисоките, меѓу кои и автобуси со албански туристи, ќе почекаат на отранувањето на дрвото. На овој патен правец во текот на  денот, службите јавија за повеќе паднати дрвја.

Застојот настана во период од денот кога има засилен интензинтет на сообраќај поради враќањето на граѓаните дома.

Од дежурната служба на Македонија Пат апелираат на внимателно возење.

„На патниот правец крак Маврово- Дебар сообраќајот се одвива во зимски услови поради одрони и искршени дрвја. Движењето се одвива отежнато, но без забрани за движење. Екипите на ЈП. Македонија Пат се на терен и работат интензивно на расчистување на патот“, соопштија од јавното претпријатие.

 

фото:принт скрин