Обилните дождови присутни на поширокото дебарско подрачје за неколупати го зголемила дотекот на вода во река Радика, чиј водостој достигнува висина од над 180 сантиметри. Најголем е дотекот од нејзината најголема притока – Мала Река чиј водостој во однос на пред два дена е поголем за околу 60 см и достигнува 115 см.
Зголемениот дотек во Радика поволно ќе се одрази во зголемувањето на нивото на акумулацијата „Дебарско Езеро” која беше на минимална кота.
Обилните дождови поволно ќе влијаат врз развојот на есенските култури, но секако и во обезбедувањето доволно вода во водоводот Росоки – Дебар. Преку овој водовод со вода за пиење се снабдуваат жителите на Дебар, селата Долно Косоврати и Рајчица, како и дел на Центар Жупа.
Од вчера поради големиот дотек на вода во каптажата во Росоки водата е заматена и се препорачува при користење да се филтрира или преврива, до стабилизирање на состојбата. Поради тоа во трговската мрежа најпродаван производ е флашираната вода.
Дождовите предизвикаа чести одрони од камен и земја на сите патни правци во регионот, кои редовно ги чистат екипи на „Македонија пат”.
Дебарското конзумно подрачје денеска од 10:30 часот е без електрична енергија.