На Фејсбук страницата на Етно село, Црна Гора се појави реклама што звучи премногу добро за да биде вистинита – Пријавете се на натпреварот за лежење и освојте 300 евра!
Етно селото, Црна Гора кај Никшиќ со години организира натпревар во лежење. Оваа година, поради коронавирусот, тие одлучија да го организираат малку поинаку, во самоизолација. Натпреварот ќе се одржи на 5 февруари.
Наведени се следниве услови: Натпреварувачот останува сам во колибата, обезбедена е храна и сместување.
Натпреварувачот не смее никаде да излегува за време на натпреварот, тој сам си ја одржува хигиената таму каде што е сместен , сам си ги мие садовите , сам се пере.
Нема телефони или телевизор и нема пороци како тутун, алкохол и слично.
Наградата за првото место е 300 евра.
Комисијата избира пет до седум натпреварувачи за натпреварот во изолација во 2021 година.
Книгите се дозволени, како и цртање. Дозволено е сè што е здраво за човечката душа.
„И храната ќе биде здрава. Ништо спакувано или обилно. Нормално за здрав ден во животот. Водата е изворска, ја имате во сместувањето.. Кој ќе се откаже по три дена, плаќа за комплетно сместување и храна во износ од 105 евра “, стои во соопштението на Етно село Црна Гора.



