Сообраќајна несреќа на патот Велес-Скопје-Синот починал, мајката е тешко повредена – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 1:19 PM

Сообраќајна несреќа на патот Велес-Скопје-Синот починал, мајката е тешко повредена

На автопатот Велес- Скопје по патарината кај Отовица, во сообраќајна несреќа почина маж на 60-годишна возраст а неговата 89-годишна мајка била повредена, објави Телма. Несреќата се случила претпладнево околу 10.30 часот.

Тие се префрлени во велешката болница. Според првичните информации добиени од велешката Итна помош, починатиот немал физички повреди и е најден надвор од автомобилот кој удрил во банкината на автопатот. Ќе се утврдува дали е починат од други здравствени причини или од сообраќајната несреќа, објави Телма

89-годишната жена имала повреди на главата и Итната помош ја префрлила во велешката болница.

Итната помош поради раздвоениот автопат каде нема излези за ургентни ситуации, после интервенцијата, од Отовица морала да сврти круг до Катланово каде се исклучиле и се вратиле по автопатската лента во спротивен правец кон Велес каде е однесена повредената жена.

За време на увидот, сообраќајот беше во прекин, а после 12 часот е нормализиран.

телма.мк