Ерлинг Халанд се врати од повредата која неколку месеци го оддалечи од терените и постигна два голови, од кои еден навистина како од учебниците, во победата на гостувањето кај силниот конкурент Лајпциг.
Во отсуство на Норвежанецот, Борусија Дортмунд имаше потешкотии во постигнување на голови, а неговата повреда во голема мера се одрази и врз резултатите на тимот од „Вестфален“.
Првото полувреме гледачите можеа слободно да го заборават. Малку шанси, многу тактика и претпазливост. Второто полувреме, целосна спротивност. Четири погодоци, три во мрежата на Лајпциг и еден во мрежата на Дортмунд, шоу на Халанд и тимска налик шампионска игра на „жолтите“.
Асистенцијата на Ројс во 55-тата минута одлично ја искористи Џејдон Санчо, а во 71-та и 84-тата минута повратникот Халанд потсети зошто е еден од најдобрите млади фудбалери во светот.
Вториот погодок за Дортмунд со сигурност ќе ги задоволи апетитите тренерот Терзиќ, а во продолжение можете и вие самите да се уверите во брилијантноста на германскиот поранешен шампион и финалист во Лигата на Шампионите.
Erling Braut Haaland is one of the most complete strikers in world football at 20 years old. Anyone who says he has no technical ability is lying.
Hope Chelsea make signing him an absolute priority. pic.twitter.com/jJW98FOmKa
— LDN (@LDNFootbalI) January 9, 2021
Фото:
outlookindia.com