(ФОТО) Фелипе Луис не можеше да оддолее: Доколку играше во Шпанија уште две години, ќе можеше да отвориш бар – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 7:54 PM

(ФОТО) Фелипе Луис не можеше да оддолее: Доколку играше во Шпанија уште две години, ќе можеше да отвориш бар

Неодамна американската пивска компанија „Бадвајзер“ на невообичаен начин му оддаде чест на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси. Аргентинецот против Ваљадолид го постигна 644-от гол за Барселона и го сруши рекордот на Пеле по број на постигнати погодоци во еден клуб, а тоа претставуваше повод за „Бадвајзер“ на оригинален начин да покаже големо почитување за ѕвездата на Каталонците.

Од компанијата креираа посебни шишиња за сите 644 голови на Меси и ги испратија до сите 160 голмани против кои Меси ја затресол мрежата. Меѓу големите имиња како Буфон и Облак се најде и поранешниот голман на Валенсија, Диего Алвес. Алвес се „пофали“ на социјалните мрежи со подарокот, а неговиот соиграч од бразилската репрезентација не успеа да оддолее и да не се пошегува со него на таа тема.

-Доколку останеше таму уште две години, ќе можеше да отвориш бар, коментираше некогашниот бек на Атлетико Мадрид и Челзи.

 

 

 

 

Фото:

time24news.com