Триесет натпревари без победа во Бундеслигата. Да, добро прочитавте. Шалке 04, еден од најголемите клубови во Германија и доскорашен учесник во Лигата на Шампионите, на триесет меча во германската елита немаше забележано победа.
Конечно Шалке го скрши мразот и првите три бодови на свое конто ги запиша против Хофенхајм. Олеснување и демолирање на противникот со стил. Деветнаесетгодишниот Meтју Хоуп го спаси тимот од Гелзенкирхен од изедначувањето на негативниот рекорд во Бундесот за најдолга серија без победа.
Младиот Американец постигна хет-трик и донесе огромна радост кај фановите на поранешниот германски шампион, испишувајќи се на мапата на талентирани играчи кои доаѓаат од германското фудбалско првенство. Амин Харит во 79-тата минута го оконча резултатот и го официјализираше „покерот“ во мрежата на Хофенхајм.
Првата победа сезонава го „искачи“ Шалке на 17-тото место на табелата со освоени седум поени.
Фото:
Twitter / @brfootball