(ВИДЕО) Чорли победи повторно во ФА Купот и ја врати Адел на славеничката плејлиста – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 4:38 PM

(ВИДЕО) Чорли победи повторно во ФА Купот и ја врати Адел на славеничката плејлиста

Овосезонското најголемо изненадување  во кампањата во ФА Купот доаѓа од шестата по квалитет англиска фудбалска дивизија и се нарекува Чорли. И Чорли освен што ги врати вистинските фанови на фудбалот на корените на играта и ги освои срцата на неутралната публика, Чорли знае и како да ги прослави огромните успеси во најстарото клупско натпреварување на „Островот“.

Малото тимче од National League North во ФА Купот им зеде скалп на два поранешни Премиерлигаши. Претходната рунда беше кобна за некогашниот освојувач на ова натпреварување, Виган, додека пак денес Дерби Каунти се најде како „последна жртва“ на шестолигашот. Со головите на Хол и Калвели, Чорли на домашен терен и секако без публика, го порази клубот од Чемпионшип и продолжи да ја живее фудбалската нереална бајка.

По победата над Виган момците во соблекувалната прославија со познатиот хит на поп-ѕвездата Адел. Традицијата е задржана, младите играчи на Чорли  и денес по големата победа соблекувалната ја почестија со „Someone like you“.

 

 

 

 

Фото:

chorleyfc.com