Ким Кардашијан се огласи по повод крајот на реалното шоу: Готово е, липам! – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 1:39 PM

Ким Кардашијан се огласи по повод крајот на реалното шоу: Готово е, липам!

Старлетата Ким Кардашијан објави снимки од последното снимање на емисијата Keeping Up with the Kardashians. Таа на својот инстаграм профил објави дека се „збогувала“ од екипата која работела на емисијата со која се прослави целото нејзино семејство. Имено, Ким се огласи по повод снимањето на последната епизода на нивното реално шоу.

„Готово е. Не со солзи и пијалок, додуша. Официјално липам– напиша Ким покрај фотографијата од снимањето.

На почетокот на септември семејството Кардашијан објави дека со дваесетта сезона нивното популарно шоу завршува.

-Со тешко срце донесовме одлука како семејство да се збогуваме од емисијата. По 14 години и 20 сезони, односно стотина епизоди, веќе сме и повеќе од благодарни на сите вас кои не’ гледавте низ годините – напиша Ким тогаш на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од првата сезона на емисијата, која почна да се емтува во 2007-та година.

 

Фото:  Instagram / kimkardashian

Фото:    kurir.rs