(видео)Вакнин: Професиите на иднината се во малопродажбата, високите технологии и во финансиските услуги – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 1:14 PM

(видео)Вакнин: Професиите на иднината се во малопродажбата, високите технологии и во финансиските услуги

Многу мало малцинство ќе заработува огромни плати додека околу 90 отсто од целата работна сила ќе бидат неквалификувани работници со ниски приходи. Првите ќе имаат универзитетски дипломи, високо образование, и тие ќе реинвестираат во нови вештини во текот на целиот живот. Ова во интервју „Стадион“ на Канал 77, го вели Сем Вакнин, професор по финансии – конзорциум на универзитети ЦИАПС, поранешен советник во македонската влада, зборува за екомско – социјалните проекции за 2021 година.


-Работната сила ќе биде поделена на два сегменти. Околу 90 отсто од целата работна сила ќе бидат неквалификувани работници со ниски приходи, и тие ќе работат на работни места „без излез“. Она што се нарекува „мек-работа“, како работата во Мекдоналдс. Тоа ќе биде типичното работно место во иднина. Автоматизацијата, компјутерите, и елитата ќе ги преземат работните места што бараат „мозок“ и интелект. Она што ќе им преостане на другите се работни места „ќор сокаци“ за кои не се плаќа скоро ништо. Минимална плата од која не може да се живее. Плата од која не можете да живеете. Нема да се вложува во образование и во стекнување вештини. Така ќе изгледа пејсажот за работната сила во иднина. Многу мало малцинство ќе заработува огромни плати. Тие ќе имаат универзитетски дипломи, високо образование, и тие ќе реинвестираат во нови вештини во текот на целиот живот. Значи, постојано ќе се преквалификуваат, вели Вакнин и продолжува:

-Тие ќе бидат и многу попретприемачки настроени. Голема е веројатноста дека тие ќе основаат нови компании или корпоративни субјекти и потоа ќе ја користат како предност интелектуалната сопственост, што ќе им носи огромни профити. Приходите ќе гравитираат кон таа мала група. Богатството ќе се концентрира кај таа мала група и тие ќе ги инвестираат парите во финансиски капитал. Членовите на таа елита ќе ги најдеме во неколку индустрии. Во малопродажбата, во високите технологии, и во финансиските услуги. Во тие индустрии ќе има многу богати луѓе, со многу високи плати, со многу високо образование. Тие ќе бидат елитата и тие ќе ги инвестираат своите пари на пазарите на капитал, а тоа ќе предизвика создавање на меури од сапуница. Веќе го видовме тоа за време на пандемијата. Додека економијата колабираше, додека десетици милиони луѓе се најдоа без работа, додека десетици милиони луѓе преминаа во редовите на сиромашните, додека сиромаштвото расте експоненцијално, додека милиони умираа, додека исчезнуваа цели индустрии, како што е индустријата на малопродажба, авиопревозот, угостителството, додека се одвиваше тоа уништување, тоа апокалиптично сценарио, берзите пораснаа до рекордни нивоа. Цените на акциите на берзите пораснаа, а берзите рушеа нови рекорди со секој нов ден.

Зошто? Затоа што парите на елитата, парите на економската елита се инвестирани на берзата. Берзите повеќе не се одраз на реалноста. Не се одраза на производството или земјоделството, или работничката или средната класа, или дури ни пензиските фондови. Берзите сега се ексклузивен резерват, игралиште за мултимилијардерите и екстремно богатите. Тука ја гледаме дивергенцијата, распаѓањето на глобалната економија на два меѓусебно исклучувачки делови што немаат никаква меѓусебна интеракција. На една страна е економијата на екстремно богатите, а на другата е економијата на сите нас што преостануваме. Економија на едниот процент, и економијата на 99 проценти. И ако ни треба барометар за економијата на едниот процент, тоа е берзата. А сите останати се премногу сиромашни за да можат да си дозволат да јадат. Многумина од нив стануваат бездомни, болни и умираат, изјави Сем Вакнин во интервју на Канал 77.