„Блиц“: Недоверба меѓу косовските лидери или знак дека се брза со решението – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 9:40 AM

„Блиц“: Недоверба меѓу косовските лидери или знак дека се брза со решението

Зголемувањето на косовската делегација за преговорите со Србија во Брисел и вклучувањето на премиерот Рамуш Харадинај и спикерот на Парламентот, Кадри Весели заедно со претседателот Хашим Тачи, покажува дека лиерите на Косово немаат доверба еден во друг, пишува српски „Блиц“.

Според српскиот весник, овој неочекуван потег на Косово исто така може да означува дека на Европската унија и се брза да се постигне договор меѓу Србија и Косово за да можат да продолжат евроинтеграциите на двете земји.

Весникот укажува дека средбата во Брисел и косовскиот потег со проширувањето на делегацијата доаѓаат во време кога Косово очекува да добие визна либерализација од Брисел.

Доколку исходот од средбата меѓу Тачи и еврокомесарот Димитрис Аврамопулос биде позитивен, граѓаните на Косово веќе нема да бидат единствените жители на Балканот на кои им треба виза за патување во повеќето земји на ЕУ.

 

Извор:МИА