Исчезна индонезиски авион со 50 патници – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 12:57 PM

Исчезна индонезиски авион со 50 патници

Патнички авион со над 50 лица исчезна кратко по полетувањето од главниот град на Индонезија, Џакарта. Леталото боингот 737 на компанијата „Сривијаја ер“ изгубил контакт на пат кон провинцијата Западен Калимантан, соопштија властите.

Веб-страницата за следење на летовите, Flightradar24.com, соопшти дека авионот се изгубил од радарот на 3000 метри надморска височина. Министерството за транспорт соопшти дека напорите за пребарување и спасување се во тек.

Последниот контакт со авионот, бил остварен во 14:40 часот по локално време (07:40 по Гринич). Локалниот авиопревозник Сривијаја ер, изјави дека сè уште собира информации за летот.

Авионот, кој е стар 27 години,  не е боинг 737 макс, моделот на „Боинг“ вклучен во две големи несреќи во последните години.