Косовско-германска двојка доби четири бебиња зачнати по природен пат – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 12:39 PM

Косовско-германска двојка доби четири бебиња зачнати по природен пат

Валмир Битиќи и Михаела Зајдл станаа родители на четири бебиња во универзитетската болница во Аугсбург, Германија. Две од бебињата се идентични близнаци.

Леон, Луис, Арон и Бени се родени без терапија за плодност и ова се смета за многу ретко. Бебињата се добри и наскоро се очекува да заминат дома.

Странските медиуми пишуваат дека породувањето траело кратко, бидејќи тежеле околу 1.300 грама.

Доктор Кристијан Данекер изјави дека ова се случува на секои сто години во Аугсбург и само на секои 600.000 раѓања се четворки. Мајката на бебињата, Михаела Сидл, кажа дека гинекологот првично и рекол дека чека три деца, но јајцето на Леон Луис, повторно се разделило. Ова значи дека двајцата се идентични близнаци.

„Секако дека сме среќни за секое раѓање, но четирикратното породување е нешто посебно, како за родителите, така и за нашата клиника“, рече д-р Данекер.

 

Извор:Тетовасот