Скијачката сезона на Копаоник наголемо трае, а посетителите на оваа српска планина, судејќи според нивните приказни, не се грижат за корона вирусот.
Очигледно, скијачите не се вознемирени од ситуацијата со коронавирусот оваа сезона, со намера да уживаат во оваа планина.
И покрај фактот дека Ски-центрите на Србија поставија табла на која пишува дека е потребно да се држи на растојание, редарите ги предупредуваат посетителите да го почитуваат, ретко кој обрнува внимание на тоа.
Имено, повеќето од нив се однесуваат водејќи се од логиката на д-р Несторовиќ – тој е најсмешниот вирус на светот. Тие дури и не носат маски. Не треба да го игнорираме фактот дека бројот на заразени лица во Србија, вчера се зголеми за цели 30 проценти.
До сега во Србија од ковид 19 починаа повеќе од 70 лекари, а од почетокот на пандемијата, според официјалните податоци, има 3513 смртни случаи.