Натпреварот од 18-то коло во ЛаЛига помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао беше одложен со одлука на челниците на натпреварувањето.
Огромни колични снег паднаа во главниот град на Шпанија, големо невреме го зафати градот и аеродромот „Барахас“ беше затворен.
Невремето го наруши полетувањето и слетувањето на авионот два дена, па беше одлучено натпреварот да не се одржи. И двата клуба се известени за оваа одлука, а новиот датум ќе биде одреден подоцна.


