Ивица Дачиќ: Добро сум, се’ е договорено со претседателот Вучиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 10:44 AM

Ивица Дачиќ: Добро сум, се’ е договорено со претседателот Вучиќ

Добро се чувствувам, нема никакви несакани ефекти – порача во изјава за Alo.rs претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ само неколку дена откако ја прими руската вакцина против ковид-19.

Се договоривме со претседателот и премиерката да примиме различни вакцини. Премиерката ја прими вакцината на Фајзер, а сега е сертифицирана руската па јас ја примив таа. Нема врска ова со политиката, но во тоа никој нема да верува бидејќи со години ме напаѓаат дека сум проруски ориентиран – изјави Дачиќ, одговарајќи на прашањето зошто се одлучил баш за вакцината Спутник 5.

Тој истакна дека сите треба да се вакцинираат за да се победи бирусот.

Примив вакцина за да им покажам на сите граѓани дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека сите треба да ја примат за да ја искорениме короната – заклучи Дачиќ.

 

Фото:   Влада Републике Србије

Извор:  alo.rs/vesti