Обвинителството во хрватскиот град Чаковец донесе решение за спроведување истрага против дваесет и осумгодишна медицинска сестра, осомничена за несовесно лечење. Таа се товари за вбризгување бензин во вената на пациент, наместо физиолошки раствор.
Се работи за медицинска сестра од Жупанската болница, која кон крајот на септември му пружала медицинска помош на пациент со ковид-19, а кој дошол во болницата поради хемодијализа., но сепак шеесет и двегодишниот А.Т. починал. Од болницата тогаш соопштија дека се работи за пациент на кој му е изречена мерка за самоизолација поради контакт со ковид поитивно лице, а тој ден бил во Болницата поради хемодијализа.
Во текот на постапката интравенски е вбризгано недозволиво средство. И покрај моментално преземените мерки за максимално интензивно лекување и реанимација, се случија повеќе откажувања на органи и смрт на пациентот – објави во тоа време Болницата.
Претседателката на Управниот одбор на Болницата пак, д-р Соња Тошиќ Грлаќ изјави дека во болниците дезифициентот е средство кое вообичаено се наоѓа на количките што ги користат медицинските сестри.
Грешката е можна и за жал, таа и се случи – додаде докторката.
Обвинителството во Чаковец на последниот ден од минатата година донесе решение за спроведување истрага против сестрата која била задолжена да се грижи за пациентот. Од Обвинителството истакнуваат дека постои основа на сомнение дека по завршетокот на хемодијализата, таа невнимателно вбризгала во вената на пациентот, бензин наместо физиолошки раствор, по што дошло до влошување на неговата здравствена состојба. Пациентот починал уште истиот ден иако лекарите се обиделе да му помогнат – соопшти Обвинителството.
Фото: Илустрација / freepik
Извор: telegraf.rs