Пелоси со војска сака да го спречи „неурамнoтежениот Трамп“ да ги користи нуклеарните шифри – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 9:48 PM

Пелоси со војска сака да го спречи „неурамнoтежениот Трамп“ да ги користи нуклеарните шифри

Челничката на демократите во американскиот Конгрес, Нанси Пелоси, денеска разговарала како да се спречи Доналд Трамп, „неурамнетежениот претседател“, да ги користи нуклеарните шифри, заканувајќи се дека ќе преземе чекори во Конгресот ако тој итно не си отиде од власт, ја пренесуваат „Хина“ хрватски медиуми.

„Утрово разговарав со началникот на американскиот главен штаб за тоа што може да се направи за нестабилниот претсеател да не поттикне воени судири, да пристапи кон лансирните шифри и да нареди нуклеарен напад“, напиша претседателката на Застапничкиот дом во писмото до своите колеги.

„Ситуацијата со неурамнотежениот претседател не може да биде поопасна“, додала Пелоси.

Портпаролот на началникот на американскиот Главен штаб ја потврдил за АФП информаијата за тој разговор.

„Пелоси го повика началникот. Тој одговори на нејзините прашања за нуклеарниот наредбодавен синџир“, рече портпаролот не навлегувајќи во поединости од разговорот.