Влијанието на Љуљ и Спанулис врз НБА ѕвездата Лука Дончиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 9:06 PM

Влијанието на Љуљ и Спанулис врз НБА ѕвездата Лука Дончиќ

Дуелот помеѓу двајцата најдобри европски кошаркари во НБА, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, заврши во полза на Словенецот откако во продолженијата Маверикс го совлада Денвер со 124:117. Лидерите на овие екипи брилијираа и го манифестираа уште еднаш исклучителниот квалитет и кошаркарско знаење.

Дончиќ постигна 38 поени надополнети со 13 асистенции и девет скокови за 43 одиграни минути на паркетот, а Јокиќ во чекор го следеше словенечкиот репрезентативец и ја изедначи неговата скорерска бројка, забележувајќи и 11 скокови и четири успешни додавања.

После фантастичната вечер и остварениот трипл-дабл против Далас, Дончиќ зборуваше за импактот кој европските кошаркари го оставиле врз него и врз неговото кошаркарско и професионално растење.

-Очигледно, го гледав Леброн. Но имав одлични соиграчи во Шпанија како Серхио Љуљ, Руди Фернандез, Фелипе Рејес. Многу научив од нив. Исто така, Спанулис. Не знам дали вие имате слушнато за него, играше во Олимпијакос, одговори Дончиќ на поставеното прашањето на легендарниот Шекил О’Нил, пренесува „Eurohoops“.

Победата на Маверикс над Нагетси претставува мал индикатор за тоа дали и колку тимот од Тексас сезонава ќе биде конкурент за високите на позиции на Западот.

 

 

 

Фото:

talkbasketball.com