Aрсенал го избра Пепе наместо мене, вели Вилфред Заха – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 8:40 PM

Aрсенал го избра Пепе наместо мене, вели Вилфред Заха

По неуспешната епизода на Вилфред Заха во Манчестер Јунајтед, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска се врати во Кристал Палас и продолжи да ги покажува своите фудбалски квалитети.

Веќе неколку неколку преодни трансфер рокови, Заха силно се поврзува со трансфер во некој од топ шест тимовите во Англија, а тимот од северен Лондон се чинеше дека има најголема потреба од брзоногото крило и беше најблиску до негово ангажирање.

Токму на оваа тема Вилфред Заха зборуваше деновиве, велејќи дека и тој и Унаи Емери имале обострана желба за остварување на трансферот, но сепак на крајот управата на Арсенал се одлучила за Николас Пепе од Лил.

-Ми кажа дека ја следи мојата игра и дека знае колку можам јас да ја сменам играта во било кое време. Тој ми рече „да, би сакал да те имам во тимот“, а јас бев на истата линија велејќи „да, би сакал да дојдам“. Емери го забележал мојот воркрејт и тоа што можам да го дадам на теренот, но клубот беше тој што избираше и изборот паднал на Николас Пепе, изјави Заха за „The Greatest Game“ подкастот.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Заха би можел во јануари да се пресели во Милано во екипата на Милан.

 

 

 

Фото:

cpfc.co.uk