Во Велика Британија е регистриран најголем број починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата – 1.325. Во тој број се влезени и сите кои починл од последици на зараза со коронавирусот во период од 28 дена од позитивниот тест. Бројот на починатие од почетокот на епидемијата достигна до 79.834 и е највисок во Европа.
Британската регулаторна агенција денеска ја одобри вакцината против Ковид-19 на компанијата „Модерна“, но таа ќе биде на располагање неаде напролет.


