Бројот на евакуирани лица поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во шест сојузни држави во Малезија достигна речиси 50 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на официјалната веб-страница на Единицата за социјална заштита на Малезија, поради монсунските дождови од сојузните држави Паханг, Јохор, Келантан, Теренгану, Перак и Сабах кои паѓаат од 1 јануари, евакуирани се вкупно 48.108 лица.
Поради поплавите досега животот го загубија вкупно 8 лица, од кои 4 лица во државата Паханг, 3 во Јохор и 1 во Келантан.
Сингапурскиот Црвен крст соопшти дека ќе донира 50.000 долари за жртвите од поплавите.
Поплавите предизвикани од поројните дождови кои започнаа на 1 јануари најмногу ги зафатија државите Паханг и Јахор. Од двете држави вкупно беа евакуирани повеќе од 7 илјади лица.
Подоцна, бидејќи врнежите ги зафатија околните држави, бројот на погодени од поплавите се искачи на 20 илјади.