Своевремено еден од најдобрите десни бекови во светот кој со Жозе Мурињо и Интер во 2010 година ја покори Европа, повторно се враќа на „стариот континент“.
Даглас Маикон од Бразил се сели во Италија, ни помалку, ни повеќе во четвртолигашот Сона, јавува Фабрицио Романо. Причините за ваквиот трансфер остануваат непознати, а триесет и деветгодишниот дефанзивец како слободен играч ќе потпише за нисколигашот.
По напуштањето на Интер во 2012 година, Маикон одигра една сезона во Манчестер Сити, а потоа се врати во Сериа А во екипата на Рома каде што играше три сезони. Неговата европска епизода заврши во 2016 година, кога Маикон слета во родниот Бразил и го носеше дресот на Аваи, Крикуима и Вила Нова.
Фото:
siempreinter.com


