Минатата година во Европа била најтопла откога се вршат мерења на температурите, соопшти денеска Службата на ЕУ за климатски промени.
Во однос на досега рекордната 2019, 2020 била потопла за 0,4 Целзиусови степени.
Ланската година се изедначи со 2016 година како најтопла година во целиот свет, јавува АП, а пренесува РТВ.