Сопствениците на продавници и тезги во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица се поделени во три групи за проценка на штетите од пожарот-целосно оштетени, делумно и неоштетени и во соработка со ОЈО Струмица и МВР ќе се врши проценката, информираше Илија Митрески, од Здружението „Фер есап”.
Според него, во наредните денови треба да почне проценката.
-Во зависност од тоа кој стопанственик како е поделен во соодветната група ќе следува постапка за да ги еведентираат и проценат штетите, рече Митрески.
Додава дека штетите се големи, но не сака да шпелулира со конечната бројка.
-Секој правен субјект со попис и сметководствена евиденција ќе си утврди колкава му е штетата и според тоа ќе се води постапка за за да им се помогне на оштетените, посочи Илија Митрески од Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап”.
Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.