Беше доведен како големо засилување во Вест Хeм: Халер се пресели во Амстердам – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 4:16 PM

Беше доведен како големо засилување во Вест Хeм: Халер се пресели во Амстердам

Рекордното клупско засилување на екипата на Вест Хем, Себастиан Халер, го напушти клубот од Лондон во зимскиот преоден рок и се пресели во Амстердам.

Поранешниот полуфиналист во Европа Лига со тимот на Ајнтрахт Франкфурт, пристигна кај „чеканџиите“ минатото лето за 45 милиони фунти, но не ги исполни огромните очекувања. На 54 натпревари постигна само 14 голови.

Дваесет и шестгодишниот Халер стана и резервна опција во кај Дејвид Мојс, особено кога Антонио беше во добра здравствена состојба и подготвен за игра. За услугите на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Ајакс на Вест Хем ќе му исплати 25 милиони евра.

Алтернативите за шпицот Мојс ќе ги бара во доскорашниот фудбалер на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ и напаѓачот на Борнмут, Џош Кинг.