Велика Британија одобри трета по ред вакцина во борбата против Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 3:47 PM

Велика Британија одобри трета по ред вакцина во борбата против Ковид-19

Велика Британија ја одобри широката употреба на вакцината против Ковид-19, развиена од американската фармацевтска компанија „Модерна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за контрола на лекови и здравствени производи (MHRA) во Велика Британија, соопшти дека вакцината е безбедна за широка употреба.

Со тоа, вакцината против Ковид-19 развиена од „Модерна“ стана третата вакцина дозволена за широко распространета употреба во земјата.

Во земјата претходно беа одобрени вакцините против Ковид-19 на „БајоНТех/Фајзер“ и „Оксфорд/АстраЗенека“.

Главниот извршен директор на Агенцијата за контрола на лекови и здравствени производи (MHRA), д-р Џун Рејн, истакна:

„Вакцината која е одобрена денеска е охрабрувачка за јавноста и здравствениот сектор. По сеопфатната анализа на сите постоечки податоци важна цел беше да се донесе одлука за трета вакцина која ќе има широка употреба.“

Рејн исто така истакна дека Агенцијата за контрола на лекови и здравствени производи (MHRA) ги контролира несаканите ефекти на сите вакцини против Ковид-19 по нивната употреба.