Џамбо Агушев, како и сите музичари празниците ги поминува дома. Нема настапи, но тоа не значи дека и не треба да се создава. Тој за Божик го промовираше новото оро со необично име „Криминал“, кое е објавено како сингл, а веќе влезе во студио да го снима новиот албум.
-Сите ме прашуваат зошто вакво име на орото, но пред тоа имав оро кое се викаше „Полицај“, па ов а му доаѓа како продолжеток. Не знам кое оро ми е по ред, досега имам многу. Се надевам и дека новиот албум до септември ќе биде готов и ќе почнеме него да го промовираме. Тоа ќе биде трет албум, кој ќе излезе на светско ниво, а со „Агушеви“ имаме повеќе албуми. Спотот е снимен во студио на „Арт“ продукција и во студио „Минтистар“ во Струмица, вели Џамбо.
Тој како и сите музичари годинава за дочекот немаше настап, па, како што вели, планот бил семејно да слават дома. Но, не секогаш плановите се остваруваат.
-Татко ми имаше проблем со срцето и ден пред Нова Годиона го примија во болница. Кај нас кога нешто се случи некому сите сме заедно. Така, дочекот на Нова Година го поминавме пред болница, како поддршка на татко ми, бидејки поради пандемијата внатре не не пуштаа. Затоа чекавме надвор сите. Мене ми е прва година дома, инаку секоја година сум некаде. Се радував и дека прв пат Нова Година ќе ја дочекам дома, но ете поради татко ми не поминавме сјајно. По неколку дена во болница, татко ми го оперираа и фала му на Бога се помина во најдобар ред. Затоа и решивме новата песна да ја пуштиме на Божик. И да посакаме пандемијата побргу да заврши, да не седиме дома, туку да се вратиме на работа, рече Џамбо.