Денеска околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА” во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.
Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок. Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11 часот и 30 минути.