Петмина повредени при превртување на џип на автопатот кај Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 9:25 AM

Петмина повредени при превртување на џип на автопатот кај Куманово

Пет лица се повредени откако патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, кој живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово во насока кон Куманово.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера попладне, а пријавена е во 15,30 часот.

– По незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот и уште четворица сопатници од неговото возило биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани повреди, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

Извор:МИА