Вакнин за 2021-та: Средната класа станува сиромашна, сиромашните бездомници,здравството ќе расте до небо – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 10:32 AM

Вакнин за 2021-та: Средната класа станува сиромашна, сиромашните бездомници,здравството ќе расте до небо

Во интервју за утрешното издание на „Стадион“ на Канал 77, Сем Вакнин, професор по финансии на конзорциумот на универзитети ЦИАПС, поранешен советник во македонската влада, зборува за екомско – социјалните проекции за 2021 година. При тоа, Вакнин смета дека пандемијата предизивка богатството да се концентрира кај мала група со интелектуална сопственост и тие ќе ги инвестираат парите во финансиски капитал: во малопродажбата, во високите технологии, и во финансиските услуги. Во тие индустрии ќе има многу богати луѓе, со многу високи плати, со многу високо образование. Од друга страна, околу 90 отсто од целата работна сила ќе бидат неквалификувани работници со ниски приходи, и тие ќе работат на работни места „без излез“. Она што се нарекува „мек-работа“, како работата во Мекдоналдс.
Социјалното закрепнување едноставно значи дека, по завршувањето на пандемијата, луѓето многу поинтензивно се дружат. Наместо да седат дома, луѓето ќе излегуваат многу повеќе и некои индустрии, како што се туризмот, индустријата на забава, угостителството, ќе почувствуваат големи придобивки. Барови, ресторани, хотели, авиопревозници, сите тие ќе имаат корист од социјалното закрепнување.
-Една работа што ќе се случи по пандемијата, бидејќи луѓето ќе бидат многу посиромашни – огромно мнозинство од човештвото ќе излезе од пандемијата многу посиромашно – дополнително, очекуваниот животен век ќе колабира. Веќе колабира – очекуваниот животен век е намален за три години во САД во последните 12 месеци. Значи, очекуваниот животен век се намалува, приходите се намалуваат, заштедите се уништени од пандемијата. Никој веќе нема никаква заштеда. Значи луѓето, особено младите, ќе се колебаат дали да оформат семејства. Нема да стапуваат во брак, нема да имаат деца. Таквите демографски промени ќе имаат многу негативен ефект на некои индустрии. Луѓето ќе останат немажени и неженети до длабоко во нивните 30-ти и 40-ти години. Подолго ќе живеат со родителите, до своите 30-ти и 40-ти. Тие се познати како „бумеранг“ деца, затоа што се враќаат дома. Луѓето нема да патуваат далеку од својата база, далеку од дома, на пример, за да студираат. Таквиот развој на настаните ќе има многу негативен ефект на образованието, особено на високото образование. Исто така, ќе има негативно влијание на станоградбата. Генерално, градежништвото и секторот на недвижнини многу ќе страдаат по пандемијата, исто како и високото образование. Универзитетите какви што денес ги познаваме ќе мора драматично да се променат за да преживеат. Ќе мора да преминат онлајн, да отпуштат голем дел од наставниот кадар, и да соработуваат со студентите кои потоа би учеле други студенти. Значи, ќе видиме многу постратифицирана, егалитарна, нехиерархиска структура на високо образование која не е толку многу заснована на експертиза туку на, јас би го нарекол, „краудсорсинг“ во високото образование. Слично на начинот на кој функционира Википедија.
Здравството, од друга страна, ќе оди до небо. Ќе расте до небо затоа што по пандемијата, околу 10 отсто од луѓето што биле погодени, оние што заболеле од Ковид19, 10 отсто од нив се она што се нарекува – „пациенти на долг рок“. Тоа се луѓе што имаат симптоми повеќе месеци, до година дена по пандемијата. Тоа е една работа. Домовите за стари лица се десеткувани. Многу стари лица починаа. Други болести, како што е ракот, срцеви болести, не се лекувани. Други медицински состојби и болести беа запоставени затоа што болниците беа зафатени со пациентите со Ковид. Одделенијата за интензивна нега беа целосно исполнети со пациенти со Ковид. Луѓе со мозочен удар, срцев удар не добиваа медицинска нега… Значи, ќе имаме население ште е многу поболежливо. Многу поболежливо од порано. А здравството ќе стане неспоредливо најголемата индустрија во светот. Но вработените во здравството се слабо платени, со исклучок на неколку типови на лекари, повеќето од нив работат приватно. Значи, вработените во здравството, од лекари до чистачки, луѓето што работат на одржување, тие се слабо платени. Се работи за индустрија со ниски плати што ме води кон следната опсервација, вели Вакнин во интервју за утрешното издание на „Стадион“ на Канал 77, на тема:„2020, година за заборав – што го очекува светот во посткорона период“.