Бидете подобра верзија од себе: Како најдобро да го искористите денот? – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 8:38 AM

Бидете подобра верзија од себе: Како најдобро да го искористите денот?

Не дозволувајте денот да ви помине „без врска“, нервозно чекајќи во сообраќајниот метеж, лежејќи на каучот, на Фејсбук или брзајќи под стрес да направите сè, од вашата „листа на обврски“.

Направете ги сообраќајниот метеж и возењето попријатни

Ако секојдневно трошите значаен дел од вашето време возејќи се со јавен превоз, направете го вашето возење попријатно со тоа што ќе земете нешто за читање (како списание или интересна книга). Ако возите, а имате помодерен „читач на книги“ тогаш тој може да чита книга за вас, односно да ја слушате книгата додека возите. Во тој случај, може да одберете аудио верзии на книги што би сакале да ги читате, па всушност ќе можете да ги слушате додека возите.

Ако често заглавувате во метеж во сообраќајот, секогаш можете да имате мала торба со основни работи што можат да ви бидат корисни, како што се книга, шише вода, некои закуски или пак некој нотес во кој ќе фаќате белешки.

Не дозволувајте им на другите да го крадат вашето време

Ако не поставите здрави граници во односите со луѓето околу вас, тие ќе најдат начини да управуваат со вашето време и да ви направат дневен распоред:

„Можеш ли да застанеш / направиш / купиш после работа…?“

„Ако сте слободни, можете да одите на лекар / да купувате со мене / да ги чувате моите деца додека јас само правам X X“

Ако имате потешкотија да им кажете НЕ на луѓето кои ве прашуваат за (сите видови) услуги, вежбајте да кажете наместо автоматски одговор „ДА“:

„Ќе го погледнам распоредот и ќе те известам дали имам време.

„Ќе размислам и ќе ти се вратам во текот на денот.

Така, ќе си купите време за вистински да размислите дали можете да си го дозволите тоа и дали имате желба да направите нешто што некој ве „замолил“ да го направите.

Некои луѓе се толку „агресивни“ што ќе започнат да ве испрашуваат како полициски инспектори, што е тоа што го правите тој ден па не сте слободни, бидејќи изгледа дека не гледаат какви се вашите обврски (ако немате работа или партнер, сметајте дека немате апсолутно никакви обврски и дека секогаш сте „на ваша услуга“). Со такви луѓе, можете да ја користите техниката на „списоси со обврски“: кога ќе ве прашаат колку сте зафатени, започнете со списокот (користете ја вашата имагинација доколку е потребно).

„Денес треба да одам на шопинг…, во фризерскиот салон, менувачницата, потоа да ја вратам книгата во библиотеката, потоа во поштата, па да ги платам сметките, потоа ќе одам на пазар и така натаму…“

Ова ќе го намали нивото на стрес додека чекате и ќе го искористите попродуктивно времето.

Подобро организирајте го вашето време

Сите имаме само 24 часа во еден ден и мораме да ги распоредиме така што ќе ги извршиме сите обврски што не’ чекаат во текот на денот, а притоа треба да имаме слободно време за себе и за семејството.

Бидете строги кон себе кога станува збор за приоритетите во вашиот живот и утврдете според нив кои активности МОРА да ги правите во текот на денот или неделата и кои активности можете да ги ставите во мирување или да ги елиминирате доколку е потребно.

Создавањето список на обврски обележани со A, B и C ќе ви помогне во ова.

Запишете ги на хартија сите задачи што нормално ги извршувате или планирате да ги извршите и обележете ги според нивната важност:

А – што треба да направам

Б – важно, но не итно

C – ова може да се направи подоцна или да се елиминира

Секое утро и на почетокот на секоја недела, прегледувајте го вашиот список и прво направете ги задачите обележани со А, а потоа Б, и доколку најдете слободно време, направете сè што сте обележале со Ц. На овој начин, секогаш ќе правите сè што е ваш приоритет и нема да се случи работите што ви се најважни да завршат трајно, односно да „трпат“ активности како што се деловни обврски, одење на лекар или време поминато со семејството.

Испланирајте забавна активност во текот на денот

Обидете се да го организирате вашето време подобро, да немате повеќе време за работа, а да имате повеќе време за себе, за забава или релаксација.

Планирајте нешто забавно во текот на денот, нешто што ве релаксира, што ви дава радост, дури и да трае кратко.

Ако континуирано, свесно и активно правите по една мала работа секој ден за да бидете и да изгледате подобро, да се храните поздраво, да стекнете поголема самодоверба, да се подобрите професионално, да научите нешто ново, да осветлите нечиј ден, да се сакате повеќе, да пробате нешто ново или да посетите интересно место секој ден ќе бидете подобра верзија од вчера!

 

Извор:  krenizdravo.hr