Зошто на мажите им треба долго време да ја запросат девојката – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 9:10 PM

Зошто на мажите им треба долго време да ја запросат девојката

Дури 50 проценти од мажите откриле дека изборот на прстен е најголемиот проблем за нив.

Многу девојки ги измачува мислата   зошто на партнерот им треба долго време да ги запроси и се прашуваат дали тој некогаш ќе го направи тоа. Космополитен го пренесува  истражувањето кое опфатило  илјада мажи и го открива одговорот на ова прашање.

Истражувањето откри дека главниот проблем за мажите е финансиската состојба и дека тоа е претежно најголемата пречка на патот до запросување. Дури 27 проценти од мажите велат дека заработката им е премала за да  предложат брак, додека 27 проценти велат дека веќе се во долгови, 17 проценти сметаат дека свадбите се прескапи, а на други 17 проценти им смета долгот на партнерот.

Дури 50 проценти од мажите откриле дека изборот на прстен е нивниот најголем проблем и дека чувствуваат голем притисок кога станува збор за тоа, а 40 проценти од мажите изјавиле дека очекувањата на нивните партнери се преголеми и се плашат дека нема да можат да ги исполнат.

Сепак, многу мажи изјавиле дека постојат и други фактори кои се земени во предвид кога се предлага брак. На пример, тие гледаат колку е долга врската, колку е здрава нивната партнерка и каков е нејзиниот животен стил но и  какви се нејзините финансии. Интересно е да се напомене дека мажите кои веќе се развеле еднаш рекле дека најважно за нив е квалитетот на сексот како и сексуалната способност на нивната партнерка.

FOTO: ILUSTRACIJA

avaz.ba