Фукционерите на ДУИ кои го славеа роденденот на Ахмети, добија казна, Груби си платил – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 4:20 PM

Фукционерите на ДУИ кои го славеа роденденот на Ахмети, добија казна, Груби си платил

МВР испорача 8 платни налози од по 20 евра за дел од гостите во кабинетот на Артан Груби, кои се групираа без маски и не држеа дистанца, и така се сликаа и објавија фотографија на ФБ.

Поводот за прослава без маски во во понеделникот беше 62-риот роденден на лидерот Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем.

Доставена, примена и платена, вака кусо преку порака  одговорил за Телма, вицепремиерот Артан Груби на прашањето дали полицијата го нашла и му ја доставила прекршочната пријава затоа што во неговиот кабинет заедно со уште 14-мина функционери на ДУИ, без маски го слави роденденот на партискиот лидер во државна зграда.

Меѓу првите кои ја ја добиле белешката за глоба од 20 евра, пишува Телма, бил и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши кој е е на состанокот, но не пријавил никаде дека се кршат протоколи заради тортата на партискиот лидер.

Казнетите функционери на ДУИ ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Државниот инспекторат за труд утре ќе го доврши вонредниот надзор и ќе утврди дали е прекршен протоколот за превентивни мерки на сите работни места, а исто така утре треба да има информации за тоа  што утврдиле во Министерството за политички систем.