Харадинај по средбата со Могерини: Покажавме дека сме единствени – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 9:02 AM

Харадинај по средбата со Могерини: Покажавме дека сме единствени

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната средба во Брисел на косовскиот државен врв со високата претставничка за андворешна политика и бебзедност на ЕУ, Федерика Могерини, порача дека институциите на Косово покажале оти се единствени во дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својот профил на Фејсбук напиша дека нормализацијата на односите меѓу двете земји треба да се заокружи со меѓусебно признавање.

– Денеска во Брисел, заедно со претседателот (Хашим) Тачи, претседателот на Собранието, (Кадри) Весели и со замениците премиери Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши, се сретнавме со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, при што покажавме дека институциите на Косово се единствени во однос на дијалогот со Србија. Нормализацијата на односите меѓу двете земји е процес, кој треба да се заокружи со меѓусебно признавање што е воедно многу значајно за цел Западен Балкан, напиша Харадинај.

По средбата со Могерини, на која се разговарало за дијалогот Косово-Србија и за визната либерализација за косовските граѓани, предвидено е Тачи да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, додека останатите членови на косовската делегација ќе имаат разговори со челници на институциите на ЕУ.

 

Извор:МИА