Синот на Трамп им се закани на републиканците: Готово е со кариерата на оној кој нема да го поддржи татко ми! – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/21 5:25 PM

Синот на Трамп им се закани на републиканците: Готово е со кариерата на оној кој нема да го поддржи татко ми!

Вториот син на претседателот Доналд Трамп, Ерик, им се закани на републиканците од Сенатот и Претставничкиот дом дека нивната „политичка кариера е завршена“ доколку не го поддржат неговиот татко да го промени исходот од изборите на денешната седница во Конгресот, каде треба да се пребројат и потврдат електорските гласови.

Синот на Трамп го сврте вниманието кон 6 јануари, додека гостуваше во програмата на телевизијатa Fox newa.

– Денес ќе ви кажам многу за земјата. Кој било сенатор или конгресмен кој не се бори, можам да им кажам дека нивната политичка кариера е завршена. Бидејќи МАГА (слоганот на Трамп – Да ја направиме Америка повторно голема) не оди никаде – рече Ерик Трамп, објави лондонски Индипендент.

Тој додаде дека неговиот татко направил најголема преобразба на американската историја и предупреди дека сенаторите и конгресмените кои не го поддржуваат сегашниот претседател треба да бидат маргинализирани на следните избори и да загубат.

 

Извор:         blic.rs