Пејачката и победничка во „Задруга 2“, Луна Џогани ужива во четвртиот месец од бременоста, а сега на својот инстаграм профил објави и фотографија со првите подароци што ги добила за бебето. Имено, таа била изненадена од својата најмала сестра, која според објавата, донела облека и капички за бебето.
„Ни стигнаа првите подарочиња за Миа, Бланкица не израдува“, напиша Луна.
Инаку, таа неодамна призна дека е почувствителна од кога било претходно. Во бременоста најмногу време поминува гледајќи филмови, па неретко за тоа ги „известува“ и луѓето што ја следат на инстаграм. Секоја бремена жена е емотивна на свој начин, а Луна истакнува дека често плаче на филмови за домашни миленици.
Фото: kurir.rs