По најавата за нов карантин, Британците ги опустошија продавниците – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/21 3:50 PM

По најавата за нов карантин, Британците ги опустошија продавниците

Продавниците ширум Велика Британија денес се речиси празни, бидејќи Британците купуваат панично плашејќи се дека би можеле да останат без основните намирници. Строгите рестриктивни мерки и најавата за тотално заклучување ги наведоа граѓаните скоро во целост да ги испразнат продавниците.

Фотографиите кои веќе кружат на интернет прикажуваат  празни рафтори и во продавницата Tesco во североисточен Лондон, каде е останата малку тоалетна хартија – пренесува Дејли мејл.

Останатите фотографии покажуваат празни рафтови, недостиг на свеж леб и уште на некои намирници, додека некои продавници се празни и во деловите каде што се продаваат овошје и зеленчук.

Портпаролот на Tesco изјави дека нивните продавници ќе имаат доволно залиха за сите основни намирници и дека ги орхабруваат луѓето да купуваат нормално како и досега.

 

Фото:  Twitter /  James Howarth

Извор:  blic.rs