Над 70 текстилни работници пријавиле неисплата на к-15: Постои аномалија во колективниот договор, во полза на сопствениците – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/21 2:55 PM

Над 70 текстилни работници пријавиле неисплата на к-15: Постои аномалија во колективниот договор, во полза на сопствениците

 Воопшто неисплатен или уплатен минимален износ од 250 до 2000 денари добиле над 70 текстилни работници во земјава, кои пријавите и поплаките ги доставиле до штипската невладина „Гласен текстилец”. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец” истакнува дека годинава е зголемен бројот на рабодотавци кои се охрабриле и воопшто да не го исплатат регресот за годишен одмор, а имаат и пријави од работници и во компании кои се членови на синдикатите.

– Имаме исплатено износ од  2000 денари и  тоа го имаме во фирма во Делчево каде што се организирани во синдикат и воопшто не исплатен регрес во фирма во Скопје, која исто така е со членство во синдикат. Комапниите за жал ги користат аномалиите во колективниот договор, а кои со години се провлекува – вели Ампева.

Таа посочи дека и на трудовиот инспекторат му се врзани рацете, зашто тие можат да реагираат само онаму каде што  на работниците по овој основ не им е уплатен ниту денар. – Таму се дава решение од страна на Државен трудов инспекторат. Обично тоа се рокови од 8 до 15 дена, па подоцна доколку работодавачот не го исплати регресот за  годишен одмор во никаква сума, следуваат казни и сличнододаде Ампева.

Потенцира дека овој проблем се провлекува со години наназад, а работодавачите ја користат аномалијата од колективниот договор, која им овозможува минимална исплата и од 100 денари доколку фирмата работела со загуба.

– Моментално загубата во нашата држава е манипулација. Ние имаме работодавачи коишто во месец декември си купуваат, си го обновуваат сопствениот или личен возен парк и тоа го пријавуваат како загуба или како инвестиција. Не е загуба и не е инвестиција, ако си се подновите со ново „Бентли” или нов „Туарег” или не знам што, вели Ампева.

Таа забележа дека исплатата на К-15 мора да биде јасно прецизирана во новиот Закон за работни односи и да не се прави дискриминација меѓу приватен и јавен сектор.

 

МИА