Мирисот на домашното лепче со паричка и пита го исполни домот на Татјана И новица во Мелбурн, Австралија, Тие ги поминаа сите обичаи за Бадник, бидејки поради временската разлика од 10 часа, кај нив најубавата бадникова семејна вечера помина. А паричето? Паричето како лани, така и сега, се падна на Стефан, кој задутре, пак, ќе слави именден.
-Прекрасна семејна атмосфера исполнета со љубов и благосостојба, ете тоа највеќе го сакаме во оваа вечер. Мирисот на риба, гравче, макало и се шро е потребно за оваа господова вечер. Кај нас традиционално се поделени работите, секој си ги знае обврските. Јас сум задолжена за лепчето, питата и рибите, додека Новица прави пинџур и гравче. Уживаме во подготовка на бадниковата трпеза, колку години со Новица сме заедно, толку години сами си ја подготвуваме и никогаш не сме нарачале. Поинакво е чувствуото кога се се прави дома, мириса на спокој. Во Австралија е ,пак, многу чудно што Божик се слави среде лето.Ама традицијата сакаме да им ја пренесеме на Петар и Стефан, уште од мали ги учиме на вистинските семејни вредности. Годинава радоста е поголема што за прв пат Бадник и Божик славиме во нашиот нов австралиски дом, вели Тања и додава:
-Утре, пак, традиционално сите ќе одиме во црква, да запалиме свеќа во чест на христовото раѓање. Божик во црква носи посебно чувство. Јас дури земав и слободен ден од работа за да му се помолиме на Господ за здравје, среќа и благосостојба не само на нашето семејство, во нашиот дом, туку да се помилиме за здравје на сите, овој убав ден нека донесе спокој во секој дом. Честит Божик. Христос се роди, посака таа.
Еве како изгледаше подготовката на бадниковата трпеза…